24фудбал

Ѓоковиќ за Хрватска: Преубаво е да се види така мала земја од нашиот регион да успее на едно Светско првенство

Најдобриот српски спортист на сите времиња во изјава за РТС го честиташе големиот успех на Хрватите на изминатото Светско првенство во Русија каде завршија како вицепрваци, откако, во големото финале со 4-2 беа поразени од Франција.

СП 2018

Новак Ѓоковиќ предизвика бурни реакции во српската јавност, од една страна позитивни, но од друга страна негативни, барем така беа поделени мислењата во тамошната јавност, едни го поздравија, други го критикуваа тоа што им упати поддршка на Хрватите на Мундијалот.

Тој не застана со тоа, па упати и честитки по крајот на првенството, прво до Лука Модриќ, кој ја доби Златната топка на турнирот за најдобар фудбалер на истиот, а воедно и до целата останата хрватска репрезентација.

Би сакал да му честитам на Лука Модриќ и на целата хрватска репрезентација за извонредниот успех, преубаво е да се види таква мала земја од нашиот регион да успева на светски план, на така голем турнир како што е Светското првенство во фудбал“ истакна Ѓоковиќ.