24фудбал

Од Франција најавуваат: Прво големо засилување за Лопетеги, Реал доби нов голман

Флорентино Перез со години сака да донесе голман од светска класа на Сантијаго Бернабеу, и неговата желба многу скоро би можела да се исполни, во Мадрид треба да пристигне Тибо Куртоа

Шпанија

Хулен Лопетеги го добива првото големо засилување, од Франција пристигнуваат информации за трансфер на Тибо Куртоа во Реал Мадрид.

Според Радио Монте Карло, „Кралевите“ и Челси си подале рака за зделка вредна 35 милиони евра. Белгијанецот има само уште една година од договорот па затоа „Сините“ прифаќаат толку ниска понуда од шампионот на Европа.

Тибо Куртоа сака да се врати во главниот град на Шпанија бидејќи неговите деца живеат таму и по крајот на настапот на Светското првенство најави дека може да го напушти Стемфорд Бриџ ова лето.