24фудбал

Аталанта притиска за Несторовски, од Палермо порачуваат: Само според нашите услови!

Аталанта е се чини најконкретна во интересот за македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, но од Палермо порачуваат дека темпото во преговорите за капитенот го диктираат тие.

Македонија

Палермо не успеа да избори место во елитното друштво на италијанскиот фудбал, Серија А, откако во финалниот меч од плејоф рундата загуби од Фросиноне, иако имаше шанси за прогрес.

Со тоа извесно е дека нашиот репрезентативец Илија Несторовски ова лето ќе ги напушти редовите на Палермо, опција за него е враќање во елитната Серија А, се споменуваат Болоња и Аталанта кои се најзагреани за неговите услуги, втората екипа е веќе многу поконкретна во преговорите.

Рино Фоски, спортскиот директор на Палермо го потврди сериозниот интерес од Аталанта, но додаде дека тимот од Сицилија ќе го диктира темпото во преговорите, а тој трансфер би се реализирал само доколку се исполнат барањата на клубот.

Несторовски-Аталанта? Тоа ќе биде само според нашите барања и услови, би сакал да потврдам и да ја известам целокупната јавност. Зборувам постојано со фудбалерите, тие што се тука, не треба да мислат дека се веќе надвор од тимот, тука сум да помогнамрече првиот оперативец на Палермо.

28 годишниот Несторовски има важечки договор со Палермо до 2021. година, од тука е одличната позиција која клубот ја има со заинтересираните клубови за неговите услуги.

 

Извор: mediagol.it