24фудбал

Барселона го договори фудбалерот на ПСЖ кој беше изоставен од Дешам за Мундијалот?

Се шпекулира дека Каталонците веќе ги договориле личните услови на фудбалерот на средниот ред кој за момент се најде во центарот на вниманието кај француската фудбалска јавност, но, во негативна конотација.

Шпанија

Адриен Рабио за момент донесе скандал во францускиот фудбал откако го одби повикот на селекторот Дидје Дешам да се најде помеѓу патниците на Светското првенство во Русија, но како евентуална замена за 23-та веќе одбрани фудбалери, неговиот потег не наиде на воодушевување кај тамошната јавност.

23 годишниот фудбалер од средниот ред на ПСЖ, има договор со францускиот првак до идното лето, не постојат никакви најави дека ќе има продолжување на соработката, а постојат најави за негово заминување од Париз уште ова лето, а потоа и преселба во Барселона.

Шпанскиот печат пишува дека Каталонците веќе ги договориле личните услови на фудбалерот, а минатата седмица од Ел Мундо Депортиво извести дека челници на Барселона и од ПСЖ веќе имале разговори околу Рабио.

Според неофицијалните информации, се вели дека ПСЖ би се согласил на обештетување од околу 40 милиони евра за својот фудбалер, сума, која во моментов не би имале ништо против, барем според тоа како стојат работите.