24фудбал

Алисон Бекер соопшти дека потпишал за Ливерпул, но...

Фановите на Ливерпул се во исчекување на вести дека добиле нов голман, вчера пристигна потврда дека Алисон Бекер потпишал, но тоа беше само добар „трол“ од актерката која има исто име и презиме со Бразилецот од Рома.

Англија

„Црвените“ се во потрага на нов голман по двете катастрофални грешки на Лорис Кариус во финалето од Лигата на шампионите и нивниот избор падна на Алисон од Рома.

Јирген Клоп нема да штеди за да го донесе Бразилецот на Енфилд и вчера пристигна потврда дека Алисон Бекер потпишал.

Но тоа беше само добар „трол“ од актерката Алисон Бекер која има исто име и презиме со голманот на „Римската волчица“.

„Можам да соопштам дека ќе бидам нов голман на Ливерпул“ – напиша на Твитер актерката од САД и насамари доста навивачи.


Сепак, фановите би можеле наскоро да добијат потврда за трансфер на правиот Алисон Бекер. Неколку ивори од „Островото“ и Италија велат дека Ливерпул во вторникот испратил понуда до Рома вредна 70 милиони евра, која веднаш потоа била покачена на 75 милиони евра и била прифатена.

Сега двата клуба ги договараат деталите, односно начинот на кој ќе биде платена оваа сума и структурата на бонусите. Се говори дека „Црвените“ веќе прават планови за медицинските прегледи на Бразилецот и официјална потврда ќе стигне во скоро време.