24фудбал

Што зборуваше Клоп пред две години кога Манчестер јунајтед плати рекордни 110 милиони за Погба

Ливерпул е на прагот да сруши уште еден трансфер рекорд па медиумите одново го потсетија Јирген Клоп што зборуваше пред две години кога Манчестер јунајтед го донесе Пол Погба за тогаш рекордни 110 милиони евра.

Англија

„Црвените“ во своите редови го имаат најскапиот дефанзивец откако во јануари платија неверојатни 75 милиони фунти за Вирџил ван Дајк за да ги надминат проблемите во одобраната. Ливерпул наскоро ќе може да се пофали и дека во своите редови го има најскапиот голман.

Алисон од Рома е на чекор до преселба на Енфилд откако „Волчицата“ прифати понуда од 75 милиони евра, рекордна сума кога е во прашање чувар на мрежата. Па медиумите уште еднаш го потсетија Јирген Клоп што зборуваше во 2016, кога Манчестер јунајтед го донесе Пол Погба за тогаш рекордни 110 милиони евра и го направи Французинот најскапиот фудбалер во светот.

„Доколку донесете еден играч за 100 милиони фунти и тој се повреди, тогаш сте ги изгорел парите” – вели Германецот. „Денот кога ова е фудбал, јас повеќе нема да работам, бидејќи ова е тимски спорт. Сите вака го разбираат фудбалот. Секако дека ги сакате најдобрите, но за да бидете успешни треба да изградите тим”.

„Другите клубови можат да прават што сакаат, да трошат пари и да ги ангажираат најдобрите играчи. Јас сакам да ги правам работите поинаку. Би направил нешто сосема друго дури и да можам да потрошам толкава сума на пари”.