24фудбал

Навивач на Ренџерс со расистички навреди кон Ромчиња во Скопје, клубот со реакција, навивачите бараат казна (ВИДЕО)

Една доста непријатна вест проследи шкотската, а воедно и целокупната спорска јавност за неприфатливиот гест кој еден навивач на Глазгов Ренџерс го стори во центарот на нашиот главен град.

Македонија

Глазгов Ренџерс славеше со 2-0 пред своја публика во првиот меч против Шкупи во првото квалификациско коло од Лига Европа, за на реваншот во Скопје да одигра без голови и да прогресира во следната рунда.

Сепак, тоа што се случи на теренот од Филип Втори арената во Скопје остана во сенка по едно видео кое излезе на социјалните мрежи, објавено од еден навивач на шкотскиот клуб каде упатува расистички навреди кон неколку Ромчиња во Скопје.

Истиот навивач ги нарече „Грешка“, за потоа да упати и пцовки кон нив, ова наиде на големи критики кај навивачите на Глазгов Ренџерс кои бараат ригорозна казна за него, а клубот излезе со реакција, наведувајќи го тој случај како неприфатлив.

Од Глазгов Ренџерс додадоа дека ќе сторат сешто е во нивна моќ да и помогнат на полицијата да го најдат сторителот, а коментарите на социјалните мрежи од страна на навивачите на славниот шкотски клуб доволно укажуваат на тоа колку овој настан за нив е неприфатлив, дел од нив бараат доживотна суспензија од фудбалот за лицето, а други бараат клубот да обезбеди ВИП третман за дечињата за следниот меч на Глазгов на Ајброкс арената.

ВИДЕО - ТУКА