24фудбал

Изгубениот шкотски навивач е најден, брат му се заблагодари за помошта

Речиси еден ден Џејмс Меклахлан се водеше за исчезнат откако неговиот брат Конор пријави дека тој не се вратил со нив во Шкотска и немале контакт со него, приказната доживеа среќен крај.

СП 2018

Џејмс Меклахлан не си заминал од Скопје заедно со останатите навивачи на Глазгов Ренџерс, батеријата од телефонот му била потрошена, па од него немало ниту трага ниту гласа.

Неговиот брат Конор кој исто така бил во Скопје, на социјалните мрежи побара помош за да го најде изгубениот брат. Приказната беше споделувана и во Скопје и во Велика Британија, на крајот изгубениот навивач е најден.

„Џејмс штотуку беше контактиран и сега патува дома, благодарам за сета ваша помош“, напиша Конор Меклахлан на својот фејсбук профил.