24фудбал

„Мислам дека за прв пат сретнав млад вонземјанин“

Суперталентираниот Французин на Мундијалот ја потврди својата класа со која располага на фудбалските терени, а веќе добива многубројни пофалби на своја адреса.

СП 2018

Франција стигна до светската титула од Мундијалот во Русија каде во финалето со 4-2 беше подобра од Хрватска, а Килијан Мбапе, младата ѕвезда на Триколорите имаше фантастични перформанси за време на турнирот.

Неговите изданија ги воодушевија многумина, тоа беше потврда на големиот талент кој го поседува фудбалерот на ПСЖ, а своите импресии не ги криеше ниту Рафаел Варан, кој за него издвои дека е вонземјанин, но млад.

Познавам некои вонземјани, но мислам дека ова е за прв пат да сретнам некој млад вонзејманин“ вели Варан во изјава за ЛЕкип.

Нормално е да сретнете некој на 25, 30 годишна возраст, на Светското првенство јас видов таков со само 20 години, со него сеоди брзо, кога зборувам со него за тактичките аспекти на играта пред натпреварите, немам доволно време да се доискажам а тој веќе ќе ми ја сфати поентата за што говорам“ додаде тој.

Мбапе по крајот на турнирот ја освои наградата за најдобар млад фудбалер на истиот, на кој постигна 4 погодоци.