24фудбал

Македонецот ја оправда довербата кај Коку: Фенербахче си поигра со Фулам, Елмас беше ѕвезда на теренот!

Дел од медиумите во Турција го анализираа контролниот меч што се одигра вчера во кој убедлива победа обезбеди тимот на нашиот репрезентативец Елмас.

Македонија

Фенербахче вчера одигра контролен меч против старо-новиот англиски Премиерлигаш  Фулам, во кој славеше убедлива победа од 3-0, а нашиот 18 годишен репрезентативец Елиф Елмас блескаше на теренот пред очите на новиот тренер Филип Коку.

Елмас одигра 84 минути од средбата,  беше изваден од игра кога веќе беше поставен конечниот исход од контролката, а „Хуријет“ во својата анализа истакна дека Македонецот бил ѕвезда на теренот.

Елиф Елмас беше ѕвезда на теренот. Тој беше многу силен и трчаше премногу. Еден од најистакнатите фудбалери за оваа сезона треба да биде токму тојнапиша истиот медиум поставувајќи го Елмас на првото место во својата анализа од контролката со Фулам.




Извор: hurriyet.com.tr