24фудбал

Егото негово беше поголемо од тимот, но соиграчите одлучи и Калиниќ да добие медал

Иако се однесуваше лошо кон репрезентацијата и беше избркан по првиот меч, преостанатите хрватски играчи и Далиќ одлучија и Калиниќ да добие медал.

СП 2018
Уште по првиот меч Хрватска наместо со 23 играчи остана со 22 откако Далиќ одлучи да го избрка непримерниот Калиниќ кој своето его го стави над тимот.
 
Тоа се покажа како одличен потег, атмосферата во хрватската репрезентација беше одлична и момците направија неверојатен успех пласирајќи се во финалето.
 
Фудбалската федерација на Хрватска остави фудбалерите и сручниот штаб да одлучат дали ќе му биде доделен медалот на Калиниќ, а тие одговориле позитивно.
 
„Протеран е малку пресилен збор, тој е со одлука на селекторот оддалечен од составот и тоа на крај, очигледно, се покажа како добар потег. Што се однесува до медалот, она што јас го знам е дека Никола Калиниќ, со одлука на играчите и на стручниот штаб ќе го добие својот медал“, изјави Пачак, портпарол на Хрватската фудбалска федерација.