24фудбал

Роналдо почна да расчистува со Шпанија, куќата е ставена на продажба и платени се 13.5 милиони на даночните власти

По трансферот во Јувентус, Кристијано Роналдо не сака ништо да го поврзува со Шпанија па почна да го подмирува долгот кон даночните власти и да го продава имотот

Шпанија

ЦР7 ова лето започнува нова авантура, по девет години престој во Реал Мадрид, минатата недела Кристијано Роналдо потпиша за Јувентус во рекорден трансфер од 112 милиони евра за „Старата Дама“ и Калчото.

По преселбата во Торино, Роналдо полека почна да рачистува со Шпанија. Како што пренесуваат медиумите, тој веќе им исплатил 13,5 милиони евра на даночните власти како дел од договорот кој го постигна со обвинителството за процесот кој се водеше против него пред судот во Мадрид за затајување данок. Се очекува во скоро време да пристигне и втората уплата од 5,3 милиони евра со која тој во целост ќе го подмири долгот.

Исто така, од Португалија пренесуваат дека Кристијано Роналдо ја ставил на продажба и куќата во Мадрид. Тој исто така наредил ергелата од 22 автомобили да се трнспортираат до неколкуте имоти кои го поседува во родната земја а дел да му бидат испратени во Италија.

Останува нејасно што ќе се случи со хотелот кој напаѓачот требаше да го гради во центарот на Мадрид како дел од проектот Пестана ЦР7.