24фудбал

Домино ефект од трансферот на Алисон во Ливерпул, неколку екипи ќе ги сменат голманите!

Рекордниот трансфер на Алисон Бекер во Ливерпул ќе придонесе неколку екипи да ги променат голманите.

СП 2018

Овој летен преоден рок покрај трансферот на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид ќе го одбележат и голманите, има најави дека повеќе екипи ќе имаат нови чувари на мрежата.

А се почнува со рекордниот трансфер на Алисон Бекер од Рома во Ливерпул. Црвените ќе добијат нов прв голман, а ќе се откажат од услугите на Дени Ворд кој се пишува дека ќе оди во Лестер.

Тој во Лестер ќе дојде на местото од Каспер Шмајхел кој ќе оди ниво погоре, ќе потпише за Челси.

Откако Челси ќе се осигура дека го има Шмајхел, треба да се реализира најавениот трансфер на Тибо Куртоа во Реал Мадрид.

Постој веројатност Кејлор Навас да замине од Реал Мадрид за да не биде во сенка на Куртоа, а со заминувањето на Алисон и Рома треба да ангажира нов голман.