24фудбал

Челси ќе го „плати“ трансферот на Погба во Јувентус?!

Пол Погба би можел ова лето да се врати во Јувентус, но за тоа да се случи, Миралем Пјаниќ ќе треба да замине од Торино, последен кој пројавува интерес за Босанецот е Челси

Италија

По преселбата на Кристијано Роналдо во Јувентус се појавија гласини кои велеа дека Пол Погба сака одново да го облече дресот на „Бјанконерите“. Французинот не се разбира најдобро со Жозе Мурињо и никако да блесне на Олд Трафорд под водството на „Специјалниот“ по трансферот вреден 110 милиони евра во 2016.

Но за „Старата Дама“ да го врати Пол Погба во своите редови ќе треба да го продаде Миралем Пјаниќ. Репрезентативецот на БиХ, кој вчера одби да одговори на прашање за својата иднина, го привлекува интересот на неколку клубови.

Јувентус веќе одбил 50 милиони евра од Манчестер Сити и шампионот на Италија ќе седне на маса само доколку некој клуб изброи над 80 милиони евра.

Барселона исто така ја следи ситуацијата а нов „играч“ во трансфер сагата е Челси. Добро упатениот новинар, Џанлука Ди Марцио пренесе дека синоќа Миралем Пјаниќ во Милано бил на вечера со својот нов агент Фали Рамадани.

Агентот има близок однос со „Сините“ и Маурицио Сари па можно е да пристигне богата понуда од Лондон, пари со кој Јувентус потоа би тргнал по Пол Погба.