24фудбал

Официјално: Ливерпул го комплетираше рекордниот трансфер на Алисон Бекер

Алисон Бекер и официјално стана најскапиот голман откако Ливерпул потврди дека го комплетира неговиот трансфер од Рома.

СП 2018

Откако денеска ги помина медицинските прегледи, Алисон Бекер стави потпис на договор со Ливерпул со што се официјализира неговиот трансфер од Рома.

Тој стана најскапиот голмански трансфер во историјата на фудбалот откако според медиумите Ливерпул за него плати 72,5 милиони евра.

„Навистина сум среќен, остварување на сонот е да носам дрес на вака престижен клуб кој секогаш сака да победува. За мене и мојата кариера ова е голем чекор напред. Можете да бидете сигурни дека ќе дадам се од себе“, изјави Алисон.