24фудбал

Пораката на Роналдо за Јувентус која стана петтата најлајкувана објава во историјата на Инстаграм (ФОТО)

Португалецот ги разниша социјалните мрежи со својата објава, неговата порака се искачи на петтото место на најлајкувани објави во историјата на Инстаграм.

Италија

Нема дилеми дека Јувентус направи голема зделка со трансферот на Кристијано Роналдо, Португалецот е бренд од кој клубот ќе има огромна заработка, а полека но сигурно тоа се потврдува во сите аспекти. Како за пример, откако се официјализира трансферот вреден 110 милиони евра, Јувентус продаде 520,000 дресови со неговото име во само 24 часа по објавувањето на трансферот.

Португалецот ги разниша и социјалните мрежи, а веќе влезе и во историјата на Инстаграм, „Forza Juve гласеше пораката која тој ја напиша на Инстаграм пред само три дена, а истата собра цели 11.4 милион лајкови, со што стана петтата најлајкувана објава во историјата на таа социјална мрежа.