24фудбал

Винисиус се докажуваше уште на првиот тренинг во Реал Мадрид (ВИДЕО)

Големата надеж на бразилскиот фудбал, како и фудбалер на кого му се предвидува блескава иднина остави одлични импресии за време на првиот тренинг со гигантот.

Шпанија

18 годишниот Винисиус Жуниор позираше во дресот на Реал Мадрид кој за неговиот трансфер од Фламенго издвои 45 милиони евра, а веднаш потоа и излезе на Сантијаго Бернабеу арената каде беше поздравен од фановите на тој клуб.

Винисиус веќе го одработи и првиот тренинг со своите нови соиграчи од редовите на гигантот, па уште на стартот се докажуваше...