24фудбал

Кавани се враќа со Серија А?

Уругвајскиот напаѓач наводно ги договорил условите за враќање во клубот од каде направи трансфер во ПСЖ пред пет години.

Италија

Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани наводно ги договорил сите детали во преговорите со Наполи за да се врати во таа екипа, а шпекулациите кои дел од медиумите во Италија ги пренесуваат велат дека Уругваецот ќе потпише четиригодишен договор.

Кавани имаше непријатни моменти во тимот на ПСЖ со Нејмар, набргу тие обајцата ги надминаа недоразбирањата, но, од тие моменти па наваму, вратата за него во Серија А беше отворена.

Тој има важечки договор со клубот од Париз до 2020. година, но, извесно е дека нема да му биде попречен патот до враќање во Наполи, каде наводно би заработувал 7.5 милиони по сезона.