24фудбал

Евертон подготвен да искешира 50 милиони фунти за Рикарлисон

Премиерлигашот од Гудисон парк на прагот до големо засилување ова лето, Бразилецот лани имаше фантастична сезона, а како заинтересирани екипи за него се споменуваа Челси и Арсенал.

Англија

Ватфорд направи голема зделка со ангажманот на Рикарлисон пред само една година, го доведе од Флуминенсе за 11.2 милиони фунти, а сега може да ја наполни клупската каса од неговата евентуална продажба ова лето.

Медиумите на Островот пишуваат дека Рикарлисон е на добар пат да направи трансфер во Евертон, а тимот од Гудисон парк наводно е подготвен да искешира цели 50 милиони евра.

Познато е дека шефот на стручниот штаб на Карамелите, Марко Силва има големи симпатии во играта на 21 годишниот Бразилец кој лани имаше фантастична сезона каде постигна пет погодоци во 12 премиерлигашки настапи.