24фудбал

Пјаниќ би можел да се пресели во Лондон, Канте во Торино

Пјаниќ наводно нема ништо против во тоа да остане во редовите на Старата Дама, но неговиот менаџер веќе имал разговор со претставници на Челси, а од таму, во Јувентус би можел да дојде Канте.

Шпанија

Калчомеркато известува дека агентот на Мирален Пјаниќ веќе имал почетни разговори со Челси, а истовремено пак, Јувентус во НГоло Канте ја пронајде замената за Босанецот во своите редови.

Босанскиот офанзивец е од поодамна интересен за Барселона, но и Манчестер Сити, а познато е дека Бјанконерите имаат нескриена желба тој да остане во дресот на Старата Дама, со тоа што тимот од Торино наводно е подготвен да му понуди нов, побогат договор.

Агентот на Пјаниќ, Фали Рамадани веќе имал разговор со претставници на Челси, а истиот се случил пред само два дена, контактот со тимот од Стемфорд Бриџ е веќе воспоставен.

Од друга страна пак, медиумите во Италија пишуваат дека Пјаниќ нема ништо против во тоа да остане во Јувентус кој наводно би му понудил нов договор вреден 6 милиони евра по сезона плус бонуси, со тоа што Босанецот би останал во Торино до 2023. година, но, можно е тој да има нов предизвик во својата кариера.

Јувентус веќе во НГоло Канте ја пронајде замената за Пјаниќ, а обајцата се споменуваат за оваа опција по која можат да завршат во спротивни правци, дали тоа ќе се случи, останува да видиме во периодот кој претстои.