24фудбал

Што значи оваа изјава на Гатузо за Бонучи?

Стратегот од клупата на италијанскиот калчолигаш даде една изјава која носи многу прашалници по себе, нема ништо конкретно, но, извесно е дека Бонучи е пред голем трансфер.

Италија

Милан ги почна пресезонските подготовки, а триумфираше против Новара во првата контролка, и тоа со 2-0, на истиот меч во редовите на Росонерите беше и Леонардо Бонучи, за кого одреден период се шпекулира дека ќе си замине од Милано.

Шефот на стручниот штаб на Милан, Џенаро Гатузо, во екот на шпекулациите кои го поврзуваат Бонучи со трансфер во ПСЖ, рече дека веќе имал разговори со дефанзивецот, додаде дека не знае што ќе се случи во иднина, навестувајќи дека сее можно во однос на таа тема.

Веќе разговарав со него, Лео е голем професионалец и неверојатен фудбалер, но, ние мораме да ги слушаме и фудбалерите исто така. По тоа, ќе видиме што ќе се случи“ истакна Гатузо.

Можам само позитивни работи за него да издвојам, за тоа што тој го допринесува за тимот, но, понекогаш одредени одлуки мораат да се почитуваат, кога фудбалер се однесува како одлично момче, не постои никаква злоба во мене“ додаде тој.