24фудбал

Уште една лекција од Далиќ: Треба да гледаме кој каков човек е, а не дали е Србин или Хрват

Покрај историскиот успех кој го направи со Хрватска, селекторот Златко Далиќ имаше и неколку одлични изјави кои наидоа на воодушевување во регионот.

СП 2018

За време на Светското првенство Далиќ во писмо побара политичарите да не се китат со успехот на репрезентацијата на Хрватска и да не собираат поени. Сега зборува за односот со Србија.

„Треба да гледаме кој каков човек е, а не дали е Србин или Хрват. Тоа е непримерно. До кога ќе зборуваме само негативно? Не треба да се враќаме во минатото, туку треба да гледаме во иднината“, изјави Далиќ за српски „Блиц“ и додаде дека знае дека во Србија има многу луѓе кои навивале за Хрватска.

„Ние сме спортисти, не се занимаваме со политика. Не ги делам луѓето на Срби и Хрвати, туку на добри и лоши“.

Позитивен пример на оваа тема дадоа и Новак Ѓоковиќ од едната страна и Модриќ и Ракитиќ од другата. Новак рече дека ќе навива за Хрватска во завршницата од Светското првенство, а хрватските фудбалери му дадоа поддршка за неговиот настап на Вимблдон.