24фудбал

Геце го сруши Манчестер Сити (ВИДЕО)

Со натпреварот меѓу Манчестер Сити и Борусија Дортмунд почна Интернационалниот куп на шампиони, пријателскиот турнир кој традиционално се одржува во САД.

Останато

Пеп Гвардиола настапи со комплетно изменет состав, од позначајните фудбалери во првиот тим беше новото засилување Ријад Махрез, во вториот дел влезе и Сане. Останатите ѕвезди покасно ги почнаа подготовките поради настапот на Светското првенство.

Борусија Дортмунд имаше многу подобар состав и таквиот момент го искористи за победа од 1-0.

Победата ја донесе Геце во 28. минута со гол од пенал.