24фудбал

Барса се пофали со рекордни приходи а се ценка за Вилијан, доставена трета понуда која не менува речиси ништо

„Каталонците“ го имаат идентификувано Вилијан од Челси како идеално засилување за офанзивата но преговорите не бележат прогрес и покрај тоа што Барса достави и трета понуда

Шпанија

По неуспехот да го ангажираат Антоан Гризман од Атлетико Мадрид за 100 милиони евра, шампионот на Шпанија се насочи кон други цели и на врвот на листата со желби е Вилијан од Челси.

Според пишувањата на Скај Спортс, Барселона доставила трета понуда, која всушност и не се разликува многу од онаа претходната.

Новиот предлог на каталонците е 55 милиони фунти односно нешто над 61 милион евра, додека пак претходниот бил 53 милиони фунти, или нешто над 59 милиони евра.

„Каталонците“ неодамна се пофалија со рекордни приходи од над 900 милиони евра, кои се недостижни за другите клубови, но од последната понуда изгледа дека прилично се ценкаат за трансферот на Вилијан и прашање е колку ќе му прави разлика на Челси тоа што предлогот е зголемен за 2 милиони со оглед на тоа дека клубот од Стемфорд Бриџ со години нема проблем со финансиите.