24фудбал

Канте е во Париз... но далеку e од ПСЖ

Шампионот на Франција, ПСЖ е во напредни преговори со Нголо Канте но неговиот трансфер на Паркот на Принцовите во овој момент изгледа невозможна мисија поради сумата од 110 милиони која ја бара Челси

Англија

„Светците“ ова лето сакаат да донесат фудбалер од средниот ред како замена за Тиаго Мота и лидерите на ПСЖ го идентификуваа Нголо Канте како идеално засилување. Фудбалерот, кој беше важна алка во тимот на Дешам и Франција кој стигна до златото на мундијалот во Русија, во моментов е во родниот Париз на одмор со своето семејство но се чини дека е далеку од ПСЖ.

Спортскиот директор на „Светците“, Антонио Енрике подолго време е во контакт со агентите на Нголо Канте, преговорите се во напредна фаза и се верува дека двета страни си подале рака за висината на платата. Но во моментов трансферот изгледа како невозможна мисија бидејќи Челзи бара најмалку 110 милиони евра за да се раздели со репрезентативецот на „Триколорите“.

Откако минатото лето ПСЖ потроши 222 милиони евра за Нејмар а го донесе и Килијан Мбапе за 180 милиони евра, клубот од Паркот на Принцовите е под лупа на УЕФА, па тие не можат да направат голема инвестиција без да продадат неколку играчи.

На продажба се ставени неколку играчи, до крајот на преодниот рок има уште време, па се може да случи.