24фудбал

BET-IBC совети за обложување: Ковач дебитира на кормилото на Баерн против ПСЖ

Во дуел на два тима кои имаат нови тренери, Баерн Минхен се среќава со ПСЖ во рамките на Интернационалниот куп на шампиони

Останато

Бидете број 1 во обложувачкиот свет и ставете големи облози во Азија.

Баерн - ПСЖ: Победа на домаќините

Вториот натпревар од Интернационалниот куп на шампиони ја носи пресметката помеѓу Баерн и ПСЖ. Шампионите на Германија и Франција ќе ги одмерат силите во Австрија, на Верхерсе Стадионот. Двата тима имаат доста отсутни играчи поради Светското првенство. Овој меч ќе биде прв за Нико Ковач на кормилото на „Баварците“ и може да открие детали за тоа каков систем ќе негува Хрватот во новата сезона. Останува да се види дали тој ќе продолжи да ја користи тактиката на Јуп Хајнкес од минатата сезона, или пак ќе имплементира пристап кој повеќе ќе се заснова на контри, како што беше случајот во Ајнтрахт Франкфурт. ПСЖ веќе одигра две контролки, па веројатно „Светците“ на своја страна ќе ја имаат физичката подготвеност, но Баерн Минхен влегува како голем фаворит во овој меч. И покрај тоа што Ковач не може да смета на играчи како Левандовски, Милер, Боатенг, Хумелс, Родригез и Нојер, стратегот на располагање има доволно квалитет: Робен, Рибери, Видал, Алаба, Мартинез, Коман, Рафиња и Бернат се пријава на стартот од подготовките исто како и младите Серж Гнабри и Ренато Санчез. Новиот предводник на ПСЖ, Томас Тухел пак од поускусните може да смета на новајлијата Буфон, Диара и Рабио. Верати иако не настапи на Светското првенство не е во комбинација поради повреда. Овие два тима до сега имаат одиграно осум официјални натпревари, ПСЖ има подобар биланс и пет победи. На последната пресметка сепак славеше Баерн, и за очекувње е тие сега да придодадат нов триумф.

Бесплатната платформа за обложување ви овозможува најдобри коефициенти и највисоки граници и во помали лиги.

Интер - Зенит: Победа или реми за домаќините

„Нероаѕурите“ продолжуваат со подготовките за новата сезона, следен противник е Зенит, мечот се игра во Пиза. За тренерот Лучано Спалети ова ќе биде посебен натпревар бидејќи тој пет години беше на кормилото на тимот од Санкт Петербург. За натпреварот стратегот на Интер нема да смета на големото засилување Раџа Наинголан, Белгијанецот се повреди на претходниот пријателски натпревар против Сион. Формацијата би требала да биде онаа вообичаената 4-2-3-1, со Хандановиќ на голот, Дамброзио, Шкринијар, Де Врај и Асамоа го одбраната, Емерс и Гаљардини со дефанзивни задолженија во средниот ред, пред нив офанзивното триот Политано, Валеро и Кандрева како поддршка за Мауро Икарди, кој треба да се врати во старниот состав место Мартинез. На тренинзите Спалети експериментираше со Асамоа во средниот ред, па доколку стратегот се реши ова да го примени и на натпревар, фудбалерот од Гана би требал да го завземе местото на Емерс, а како лев бе да истрача Далберт. Зенит веќе тестираше со екипа од Серија А, пред неколку дена клубот од Русија играше против Џенова и триумфираше со 2-3 и покрај тоа што во два наврати имаше негатива. Сепак, Интер е еден сосема поинаков предизвик и ќе биде многу потешко против „Нероаѕурите“ и покрај тоа што избраниците на Спалети одиграа многу лошо против Сион и загуби со 2-0.

Дали барате место за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.