24фудбал

Несторовски со четири гола ги почна подготвителните натпревари за Палермо

Палермо и оваа година пријателските натпревари ги почна против нисколигаш кој го растури со 20:0, најмногу голови постигна Илија Несторовски.

Италија

Првиот контролен натпревар на Палермо беше против нисколигашот Сапада. Сицилијанците немаа милост и 20 пати ја тресеа мрежата на овој тим.

Илија Несторовски беше прв стрелец со четири гола, Александар Трајковски погоди еднаш.

Се уште е нејасно дали Несторовски ќе продолжи во Палермо или ќе натпревари трансфер.

А нејасно е и дали Палермо ќе игра во Серија Б или ќе се врати во првата лига по административен пат ако на Парма и бидат одземени бодови поради местење.