24фудбал

Баерн Минхен со пресврт во второто полувреме го победи ПСЖ (ВИДЕО)

Баерн Минхен со 3-1 го совлада ПСЖ во вториот меч од интернационалниот куп на шампиони, по едно полувреме им припадна на двете екипи, но во своето Баварците дадоа три гола.

Останато

И Ковач и Тухел настапија без голем дел од своите први опции кои или се уште се на одмор или подоцна ги почнаа подготовките поради настапот на Светското првенство.

ПСЖ поведе во 31. минута со гол на Веа по една грешка на Баерн Минхен во средината на теренот.

Во 60. минута Хави Мартинез реализираше со глава за изедначување на резултатот на 1-1.

Џиџи Буфон беше стартер на голот, бранеше до 66. минута, а неговата измена Дешамп прими уште два гола до крајот.

Во 68. минута Ренато Санчез постигна интересен гол од странична позиција од слободен удар. А конечните 3-1 ги постави Зиркзи во 78. минута.