24фудбал

Коку е импресиониран од Елиф Елмас

Елиф Елмас е еден од омилените играчи на тренерот Филип Коку, тој многу брзо ја искористи шансата која му ја даде новиот тренер на Фенербахче.

Македонија

И на вчерашниот пријателски меч Емлас беше стартер. Фенербахче играше со Феенорд, натпреварот заврши 3-3, нашиот фудбалер даде гол и ги одигра сите 90 минути.

„Физичката подготвеност на Елиф е импресивна. Тој може без проблем да игра 120 минути. Тој е пример од кој можат да учат и другите млади играчи“, вели Коку.

Младиот македонски фудбалер важи за исклучителен талент и се очекува токму оваа сезона под водство на Коку да го покаже сиот свој потенцијал.