24фудбал

Уште еден убав гол на Ибрахимовиќ за Галакси (ВИДЕО)

Лос Анџелес Галакси со 3-1 славеше на гостувањето кај Филаделфија јунион, а еден од погодоците беше дело на Златан Ибрахимовиќ.

СП 2018

Филаделфија водеше со 1-0 по првото полувреме, но во вториот дел ЛА Галакси се разбуди и направи комплетен пресврт. Ибра најпрво асистираше за Камара кој изедначи на 1-1, а во 63. самиот тој се запиша во листата на стрелците. Конечните 3-1 ги постави Сјани во 82. минута.