24фудбал

BET-IBC совети за обложување: Многу емоции во Шарлот, Клоп со Ливерпул на мегдан против „својата“ Борусија Дортмунд

Јирген Клоп одново ќе се сретне со клубот каде се промовираше во тренер од светска класа, Ливерпул се среќава со Борусија Дортмунд на Интернационалниот куп на шампиони

Останато

Дали барате место за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.

Ливерпул - Борусија Дортмунд: Над 2,5 погодока

Втор натпревар на Борусија Дортмунд за 48 часа на Интернационалниот куп на шампиони. „Милионерите“ за противник одново имаат клуб од Англија, вечерва во Шарлот ќе ги одмерат силите со Ливерпул. За Јирген Клоп ова ќе биде нов дуел со неговиот поранешен тим по пресметката пред две години во Лига Европа. За турнејата во САД, Јирген Клоп ги има Мане и Салах, но мали се шансите тие да настапат вечер бидејќи неодамна се вратија од одмор. Стратегот се уште не може да смета на Дејан Ловрен, Џордан Хендерсон, Трент Александер Арнолд и Роберто Фирмино, како и новите засилувања Џердан Шаќири и Алисон Бекер. Но и покрај тоа, „Црвените“ имаат силен состав на располагање. Најскапиот дефанзивец во светот, Вирџил ван Дајк ќе ја предводи одбраната, а двете нови имиња, Фабињо и Кеита веројатно ќе добијат шанса да командуваат со средниот ред. Во отсуство на главните ѕвезди, Стариџ ќе добие шанса да го предводи нападот и да се наметне за поголема минутажа. Што се однесува до Дортмунд, „Милионерите“ пристигнаа со прилично силен состав во САД, иако недостасуваат неколку стандардни првотимци поради повреди или одмор по настапот на Светското првенство. Се очекува Лусиен Фавр да направи неколку промени во споредба со тимот кој го започна мечот против Манчестер Сити, со цел на што поголем број на играчи да им овозможи минутажа и да им го зајакне фитнесот пред почетокот на Бундеслигата. Дортмунд можеби славеше со 0-1 над Манчестер Сити, но овој предизвик ќе биде многу потежок. За разлика од „Граѓаните“ кои играа практично со младинци, се очекува Клоп на теренот да испрати силен тим, а исто така Ливерпул многу повеќе работеше на својот фитнес и „Црвените“ веќе имаат четири пријателски натпревари во своите нозе. Фановите ќе се надеваат дека овој меч ќе понуди многу повеќе возбуда од оној помеѓу Манчестер Сити и Дортмунд на отварањето, и сигурно многумина би сакале да биде повторен спектаклот од Енфилд кога Ливерпул со голем пресврт во финишот стигна до победа од 4-3.

За да заштедите време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на најдобриот софтвер за обложување.

Наполи - Карпи: 1-1

Откако со четири гола во мрежата на Гоцано започна ерата на Карло Анчелоти, новиот Наполи под водство на искусниот италијански стратег, вечерва во Тренто, се среќава со Карпи во вторниот пријателски натпревар од подготовките за новата сезона. Предводникот на „Наполитанците“ се уште не може да смета на целиот состав. Марио Руи и Дрис Мертенс се на одмор, додека на подготовките вчера се приклучија Милик, Зјелински и Кулибали. Се очекува Карло Анчелоти да продолжи да ја негува формацијата 4-3-3 која ја употребуваше Маурицио Сари, и од она што се работеше на тренинзите изминативе денови може да се предвиди старниот состав за пресметката со второлигашот. Карнезис се очекува помеѓу стативите, Хисај и Луперто на бековските позиции и Максимовиќ и Албиол во срцето на одбраната. Марек Хамшик треба да игра поповлечено во средниот ред, а Рог и Фабиан Руиз да добијат поголема слобода. Исиње и Каљехон ќе се најдат на крилните позиции а нападот ќе го предводи Инглезе, и покрај тоа што голгетеров не тренираше два дена поради семејни причини. Што се однесува до противникот на Наполи, и Карпи има нов тренер на клупата и ова ќе биде првиот меч за Марсело Кеци. Иако има многу прашалници околку составот со кој тој ќе настапи, се очекува Карпи да истрча во формација 4-4-2. Квалитетот не сомнено е на страната на Наполи, а на ваквите мечеви од големо значење е и фитнесот. „Наполитанците“ веќе имаат еден меч во своите нозе па за очекување е вечерва без многу проблеми да стигнат до победа, а триумфот веројатно ќе биде обезбеден уште по првите 45 минути. 

Допрете го врвот и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.