24фудбал

Османи:Најважна е победата, сега да се фокусираме на реваншот

Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи жали што неговиот тим не славел поубедлива победа на првиот дуел со Шериф, но се надева дека и минималниот триумф ќе биде доволен.

Лига на Шампиони

Шкендија благодарение на гол на Бесарт Ибраими славеше победа од 1-0 против Шериф во првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Тетовци можеа да слават и поубедлива победа, но можеше и воопшто да не триумфираат бидејќи молдавскиот тим беше опасен особено во второто полувреме.

„Дојдовме до минимална победа, и предност си е предност. Сега имаме една недела да се подготвиме за реваншот и таму треба да дадеме гол за да поминеме. Жалам што не ги искористивме шансите во првото полувреме и што не дадовме повеќе голови. Во вториот дел стравот си го направи своето, се повлековме за да не примиме гол. Во наредните денови ќе направиме анализа и ќе видиме каде може да се подобриме“, изјави тренерот на Шкендија, Ќатип Османи.

Незадоволен од резултатот е тренерот на Шериф, Горан Саблиќ, тој смета дека во второто полувреме требале да дадат гол.

„Во првиот дел бевме лоши и дадовме простор на Шкендија, правевме многу грешки, па можеме и да сме задоволни што губевме само со 1-0. Во вториот дел игравме викторија пред голот на домаќините, имавме 5-6 сериозни шанси, но не дадовме гол. Не можам да бидам задоволен, но имаме уште еден натпревар и ќе направиме се за да поминеме во третото коло“, изјави Саблиќ.

Фото: ФК Шкендија