24фудбал

Киелини открива каква била неговата прва реакција кога се појавија гласини за трансфер на Роналдо во Јувентус

Џорџо Киелини сметал дека сториите за преселба на Кристијано Роналдо во Торино се само обични шпекулации и на другарите им кажал дека е невозможно ЦР7 да пристигне во Јувентус.

Италија

Самиот Кристијано Роналдо ја стави под знак прашалник својата иднина во Реал по последниот свиреж во Киев и финалето од Лигата на шампионите кога порача: „Ми беше убаво во Мадрид“.

Изминативе години тој често се поврзуваше со ПСЖ или враќање во Манчестер јунајтед и многумина веруваа дека ова се можните дестинации доколку тој навистина реши да замине од Сантијаго Бернабеу.

Сепак, на почетокот од јули почнаа да кружат гласини за негова преселба во Јувентус и една недела подоцна пристигна информацијата за рекорден трансфер во Калчото.

„Првиот пат кога слушнав за гласините кои го поврзуваа Роналдо со Јувентус им кажав на моите другари, „Не, тоа е невозможно“. Но еден ден подоцна си реков, изгледа сепак е можно“ – открива Џорџо Киелини каква била неговата прва реакција.

„Со нашиот менаџер, со нашиот директор... зделката стана реалност. Јувентус продолжува да раста.... година по година, и ни беше потребен шампион како Кристијано“.

„Сите сме возбудени, со нетрпение чекаме да работиме со него“.