24фудбал

Шкендија го елиминира Шериф и закажа дуел со Салцбург!

Шкендија ја сочува предноста од 1-0 против Шериф, одигра без голови на гостувањето во Молдавија и избори пласман во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите каде ќе игра против Салцбург од Австрија.

Лига на Шампиони

Шкендија издржа во Молдавија, голот на Бесарт Ибраими во Скопје беше доволен за пласман во следното квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Македонскиот тим се одлучи за дефанзивна тактика на денешниот меч и тоа се покажа како добитно. Шериф се мачеше да дојде до погодок, но не успеја.

Домаќините имаа неколку одлични шанси, ја погодија и пречката, но Шкендија го имаше и Костадин Захов кој и на овој натпревар беше на висина на задачата.

Во третото квалификациско коло Шкендија ќе игра против Ред Бул Салцбург. 

Фото: ФК Шкендија