24фудбал

Сусо открива зошто Бонучи се врати во Јувентус

Шпанскиот фудбалер на Милан, Сусо за весникот „Марка“ открива зошто Леонардо Бонучи одлучи да се врати во Јувентус по само една сезона на Сан Сиро.

Италија

Леонардо Бонучи само една година се задржа во Милан иако од клубот му ја дадоа и капитенската лента.

Според Сусо, Бонучи почувствувал дека направил чекор назад во кариерата со доаѓањето во Милан и затоа се вратил во Јуве.

„Со неговото заминување загубивме лидерство и искуство“, вели Сусо запрашан за заминувањето на Бонучи.

„Тој донесе многу работи на овој млад тим“.

„Чувствуваше дека со потпишувањето за Милан направил чекор назад во кариерата и поради таа причина се врати во Јувентус“.