24фудбал

Адеми: Динамо беше со мене кога ми беше најтешко, не се двоумев да потпишам нов договор

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми стави потпис на нов петгодишен договор со Динамо Загреб со подобрени услови.

Македонија

И покрај тоа што имаше многу понуди за Адеми, Динамо Загреб одлучи да потпише договор со нашиот репрезентативец и го задржи капитенот на тимот.

„Адеми доби подобрен петгодишен договор кој го потпиша на наше обострано задоволство. Не сакам премногу да зборувам за квалитетите на нашиот капитен, тие се познати на сите, ние донесовме одлука тој и понатаму да го води тимотна теренот. Адеми го задолжи клубот, а ние во неговото бурно минато се покажавме како вистински партнер и тој знае тоа да го цени. Горди сме што заедно се извлековме од тоа и сега доаѓа нова ера. Имавме многу конкретни понуди за Адами и тоа сериозни. Но заеднички одлучивме дека најдобро е да продолжиме заедно. Најсериозната понуда беше од Лил, верувам дека ќе им биде многу жал кога ќе видат денес дека потпишавме нов договор и продажба на Адеми нема да се случи“, изјави претседателот на Динамо Загреб, Мирко Баришиќ.

Адеми вели дека во ниту еден момент не се двоумел дали да потпише нов договор со Динамо Загреб.

„Пресреќен сум што потпишав нов договор, тоа е на обострана љубов од мене и клубот. Тие беа со мене кога ми беше најтешко, па не се двоумев ниту за момент. Веднаш знаев дека ќе го продолжам договорот, немаше никакво прашање околу тоа. Сакам тука и понатаму да освојувам титули и да влезам во Лигата на шампионите. И понатаму во секој момент ќе го давам максиумот. Ако тука ме сакаат, јас секогаш ќе бидам тука“, изјави Адеми.