24фудбал

Гатузо и завидува на Барса: Кога ќе видам играчи со детски лик и што прават со топката...

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо упати многу пофални зборови за школата на Барселона, популарната „Ла Масиа“, вели дека им завидува на „Каталонците“ за моделот кои го имаат воспоставено

Останато

„Росонерите“ утрово со 1-0 триумфираа над Барселона, но по крајот на мечот најмногу се говореше за Рики Пуиг, новиот бисер од школата на „Каталонците“. 18 годишниот Шпанец одигра 45 минути и импресионираше со своите потези.

„Рики е спектакуларен фудбалер“ – вели Џенаро Гатузо. „Кога ќе видам играчи со детски ликови и што прават тие со топката, убавината во нивната игра, тоа ме вчудовидува. Може да се забележи како тие го чувствуваат фудбалот, како да се работи за поезија. Долго време слушам за него и некои други деца. Тоа што Барса го прави не можете да го клонирате. Не играат според тактичка шема туку според взаемна идеа. Морам да признам дека малку им завидувам“.