24фудбал

Шкендија го дозна патот до историски успех

Шкендија денеска ги дозна противниците кои може да ги добие по дуелот со Слацбург во зависност од тоа дали ќе победи или ќе загуби.

Македонија

Македонскиот шампион Шкендија пред дуелот со Салцбург ги дозна можните противници за плејофот од Лигата на шампионите или Лига Европа.

Доколку го помине Салцбург ќе се бори против подобриот од дуелот меѓу Црвена звезда и Спартак Трнава за влез во групната фаза од Лигата на шампионите.

Ако Тетовци загубат од австрискиот тим, ќе одат во плејофот од Лига Европа а таму ги чека подобриот од дуелот меѓу Розенборг од Норвешка и Корк Сити од Република Ирска.

Шкендија веќе во среда го игра првиот меч со Салцбург, тој се игра во Австрија со почеток од 19 часот.