24фудбал

Пак ќе биде срушен рекордот за најскап голман, Челси кешира 100 милиони за наследникот на Куртоа!?

Алисон Бекер ниту еден месец нема да биде најскап голман во историјата, тој наслов наскоро ќе му припадне на Јан Облак кој е желба на Челси за наследник на Тибо Куртоа

Англија

На средината од јули, Ливерпул реализираше нова трансфер бомба и плати рекордни 72.5 милиони евра за Алиосн од Рома. Бразилецот стана најскапиот голман во историјата, но се чини дека овој епитет нема да го носи ниту еден месец.

Тибо Куртоа по секоја цена е решен уште сега да се пресели во Реал Мадрид, Белгијанецот денеска не се појави на тренинг и само прашање на време е кога тој ќе заврши на Сантијаго Бернабеу.

Една од опциите на Челси за нов голман е Јан Облак од Атлетико Мадрид, и се најавува дека „Сините“ ќе ја активираат откупната клаузула во договорот на Словенецот вредна 100 милиони евра.

За оваа зделка зелено светло дал и Роман Абрамович и се очекува наскоро да се реализира новиот рекорден трансфер.

Лидерите на Челси беа свесни дека можат да останат без Тибо Куртоа, кој одби да го продолжи договорот, па разгледуваа неколку алтернативи. Пепе Реина од Милан и Џордан Пикфорд од Евертон се поврзуваа со „Сините“ изминатиов период но ништо не се реализираше.

Медиумите од Англија исто така шпекулираат со уште едно име, Џек Батлан од Стоук кој е далеку поефтина опција, голманот на Стоук ќе го чини Челси три пати помалку отколку Јан Облак.