24фудбал

Даглас Коста за тренинзите со Роналдо: Никогаш не сум видел вакво нешто

Даглас Коста е импресиониран од начинот на работа на Кристијано Роналдо на тренинзите на Јувентус, вели дека во животот не видел таков фудбалер.

Италија

Бразискиот играч, Даглас Коста вели дека никој не може да ја следи работата на Кристијано Роналдо, Португалецот тренира највеќе од сите кои досега ги видел.

„Невозможно е да го следите Роналдо на тренинзите. Кога ние ќе дојдеме, тој веќе тренира, а кога си одиме, тој останува уште да тренира. Никогаш не сум видел вакво нешто“, вели Даглас Коста.