24фудбал

Модриќ позираше со новиот дрес на Реал, дали ова значи останување во Мадрид?! (ФОТО)

Реал Мадрид попладнево на социјалните мрежи постираше слика од Лука Модриќ во новиот трет дрес, многумина ова го протолкуваа како порака од „Кралевите“ до Интер

Шпанија

Хрватот силно се поврзува со Интер, се верува дека тој веќе се има договорено со „Нероаѕурите“ и сега останува само да се сретне со Флорентино Перез и да го извести дека сака нов предизвик и заминување од Сантијаго Бернабеу.

Реал Мадрид не сака да остане без уште еден клучен играч откако ова лето веќе го загуби Кристијано Роналдо, па шампионот на Европа нема лесно да се откаже од Лука Модриќ.

„Кралевите“ попладнево на социјалните мрежи објавија слика од Лука Модриќ во новиот трет дрес кој беше промовиран вчера во Њујорк. Многумина ова го протолкуваа како порака од Реал Мадрид до Интер да заборави на фудбалерот од средниот ред.

Останува да се види каква ќе биде иднината на Лука Модриќ, тој утре треба да разговара лице во лице со Флорентино Перез и се очекува по овој состанок да се добие многу појасна слика за неговиот следен чекор.