24фудбал

Ден за одлука: Модриќ не тренира додека не дознае каде ќе игра следната сезона!

Денеска веројатно ќе се решава иднината на Лука Модриќ, хрватскиот фудбалер на состанок со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ќе решат дали тој ќе остане на Сантијаго Бернабеу или ќе ја продолжи кариерата во Интер.

Шпанија

Модриќ сака да оди во Интер, но Реал Мадрид не сака да го пушти лесно, особено не во преоден рок во кој си замина и Кристијано Роналдо.

Хрватскиот фудбалер сака брзо да се реши неговата иднина за да знае на кој тим да се фокусира за новата сезона. Медиумите пишуваат денеска ќе се одлучува неговата иднина на состанок со Флорентино Перез.

Реал Мадрид ги промовираше третите дресови со Модриќ како модел, со тоа клубот сакаше да покаже дека ќе смета на играчот и наредната сезона, но идната се уште не е решена.

Се пишува дека Модриќ имал џентлменски договор со Перез да го пушти за пристојна сума доколку сака да замине.

Интер сака да го ангажира Модриќ прво на позајмица за 15 милиони евра со опција да го откупи за уште 25 милиони евра. Но Реал Мадрид се претпоставува дека ќе бара миниум 70 милиони евра за 33 годишниот фудбалер.

Како и да е, наскоро ќе се знае дали Модриќ ќе остане во Реал Мадрид или ќе ги следи стапките на Кристијано Роналдо и ќе се пресели во Серија А.