24фудбал

Работнички доби нов генерален спонзор!

Добри вести за Работнички пред почетокот на новата фудбалска сезона, клубот ќе биде спонзориран од големата софтверска компанија „Сеавус“.

Македонија

Фудбалскиот клуб Работнички преку својот веб сајт го потврди новиот момент кој ќе биде многу значен за иднината на „романтичарите“.

„Фудбалскиот клуб Работнички стартот на новата сезона во Првата фудбалска лига на Македонија го одбележува со еден мошне значаен сегмент за иднината на клубот. Нов генерален спонзор на ФК Работнички е најголемата софтверска компанија, „Сеавус“, стои во соопштението на клубот.

Претседателот на Работнички, Драган Поповски изјави дека е огромно задоволството што ќе имаат соработка со докажан партнер во бизнисот.

„Огромно задоволство е да ја имаме компанијата „Сеавус“ за генерален спонзор на ФК Работнички. Се надеваме дека ова е првиот и мошне значаен чекор за една долгогодишна и плодна соработка, со која клубот ќе се издигне на повисоко ниво. Веруваме дека еден така докажан партнер во бизнисот ќе има значајна улога и во растот на фудбалскиот клуб Работнички во сите сегменти. Сакаме да се заблагодариме за подадената рака и веруваме дека заеднички можеме да направиме многу за нашиот клуб. Нашата стратегија останува иста, максимална поддршка и развој на младинската фудбалска академија, како и аспирации за освојување на трофеи во сениорска конкуренција“, вели претседателот на ФК Работнички, Драган Поповски.