24фудбал

„Ѓаволите“ ќе треба „дебело“ да платат поради тоа што не го продаваат Погба на Барселона?!

Според пишувањата на „Сан“, Пол Погба и Мино Рајола доставиле ултиматум до лидерите на Манчестер јунајтед и побарале покачување на платата за 200.000 фунти неделно доколку Французинот е приморан да остане на Олд Трафрод

Англија

Во последните неколку дена се погласно се говори за можноста Пол Погба да заврши на Камп Ноу. Барселона веќе испрати понуда вредна 50 милиони евра плус услугите на Јери Мина и Андре Гомеш, предлог кој веднаш беше одбиен од страна на „Ѓаволите“.

Исто така се шпекулира дека Пол Погба на соиграчите веќе им соопштил дека очајно посакува да замине, а играчот му испратил и смс порака на извршениот потпретседател Ед Вудворд, и побарал да биде продаден на Барселона.

Но со оглед на тоа дека трансфер пазарот во Премиерлигата финишира утре во 18 часот, тешко за верување е дека „Ѓаволите“ ќе се разделат со својот најскап фудбалер бидејќи ќе им остане малку време да донесат соодветна замена.

Според пишувањата на „Сан“, Манчестер јунајтед ќе треба „дебело“ да плати за ваквата одлука бидејќи Пол Погба испратил ултиматум. Французинот побарал нов договор и покачување на платата за 200.000 фунти доколку е приморан да остане на Олд Трафорд.

Тој во моментов заработува околу 180.000 фунти неделно, и бара 380.000 фунти бидејќи со Барселона веќе си подал рака за неделна плата од 350.000 фунти.

Кога веќе „Ѓаволите“ не му ја исполнуваат желбата за трансфер на Камп Ноу, Пол Погба бара да биде изедначен со Алексис Санчез кој е фудбалерот со највисоката плата во Премиерлигата откако во јанури го засили Манчестер јунајтед.