24фудбал

Модриќ го имаше првиот состанок со Реал, средбата не помина добро за Хрватот

Лука Модриќ попладнево се сретна со генералниот директор на „Кралевите“, Хосе Анхел Санчез, Хрватот изразил желба да замине но добил порака дека нема да биде продаден

Шпанија

Одлучувачки моменти за иднината на Лука Модриќ. Иако медиумите од Хрватска најавија дека фудбалерот нема да тренира, тој утрово се појави во Валдебебас и работеше со играчите кои подоцна се приклучија на подготовките за новата сезона.

По тренингот, Хрватот го имаше првиот состанок со управата на Реал Мадрид. Како што пренесуваат медиумите од Италија, Лука Модриќ се сретнал со генералниот директор Хосе Анхел Санчез.

Лука Модриќ му соопштил дека сака да замине од Сантијаго Бернабеу и да се пресели во Интер, но десната рака на Флорентино Перез го известил играчот дека клубот нема намера да го продаде.

Репрезентативецот на „Коцкестите“ сега бар средба лице во лице со Флорентино Перез кој доцна вечерва треба да се врати од САД. Медиумите од Италија пишуваат дека Лука Модриќ има џентлменски договор со претседателот на Реал, и токму на оваа карта ќе игра Лука Модриќ и ќе бара Флорентино Перез да го исполни дадениот збор.