24фудбал

Шкендија со полна мрежа се враќа од гостувањето кај Салцбург (ВИДЕО)

Шкендија доживеа убедлив пораз од 3-0 на гостувањето кај Салцбург во првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Македонија

Македонскиот шампион Шкендија со негатива од три гола се враќа од гостувањето кај Салцбург, тетовскиот тим ќе има невозможна мисија да се пласира во плејофот од Лигата на шампионите.

Одбраната на Шкендија попушти уште во 16. минута кога Тотре направи прекршок за пенал, а Дабур беше сигурен од најстрогата казна за водство од 1-0.

Вториот гол падна во судиското продолжение од првиот дел кога Јанузовиќ нафрли, а Дабур погоди со глава за зголемена предност на Салцбург од 2-0.

Конечниот резултат беше поставен од пенал во 81. минута, овој пат најсторгата казна ја реализираше Самасеку, прекршокот го направи Бејтулаи.

Две минути подоцна Салцбург остана со играч помалку откако Јанузовиќ доби втор жолт картон, но Шкендија не ја искористи таа предност и натпреварот заврши со 3-0 за домаќините.

Во текот на натпреварот Шкендија имаше неколку можности за гол кој не успеа да ги искористи и натпреварот во Скопје ќе го почне со три гола негатива, Салцбург има предност која најверојатно ќе ја одбрани.

Реваншот се игра во вторник во Скопје на арената „Филип Втори“ со почеток од 20:15 часот.

Ако не направи големо изненадување и не го помине Салцбург, Шкендија ќе игра плејоф натпревар за пласман во групната фаза од Лига Европа.