24фудбал

Росе: Дозволивме Шкендија да создаде големи шанси, тоа не смее да ни се случи во Македонија

Тренерот на Салцбург, Марко Росе е задоволен од победата над Шкендија, но вели дека имале и недостатоци во играта кои мора да ги отстранат до реваншот.

Лига на Шампиони

Салцбург со убедливи 3-0 ја победи Шкендија и дојде до посакуван резултат со кој речиси е пласиран во плејофот од Лигата на шампионите. На македонскиот шампион ќе му треба чудо.

Но и покрај убедливиот триумф, тренерот на Салцбург, Марко Росе не е задоволен од некои елементи од играта на своите фудбалери.

„Мислам дека ова беше посебна вечер, и не само поради прекинот на електрична енергија. Направивме многу работи, победивме и обезбедивме добар резултат за реваншот. И покрај тоа што имавме шанси, дозволивме на Шкендија да создаде некои одлични можности. Тоа не треба да го дозволиме на реваншот во Македонија“, изјави тренерот Росе.

Реваншот се игра во Скопје на арената „Филип Втори“ во вторник со почеток од 20:15 часот.