24фудбал

Перез повторно ги одложи разговорите со Модриќ

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез уште еднаш ги одложи разговорите лице во лице со Лука Модриќ околу неговото евентуално заминување во Интер.

Шпанија

Беше најавено дека Перез и Модриќ требаше да се сретнат вчера и да разговараат за негов можен трансфер во Интер, но тоа не се случи. Сега се зборува дека состанокот ќе се случи утре.

Лука Модриќ сака да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Интер, но кралскиот клуб не сака да продаде уште една своја ѕвезда во преоден рок кога замина Кристијано Роналдо.

Италијанскиот новинар и експерт за трансфери, Џанлука Ди Марѕио, вели дека Перез синоќа бил фокусиран на трансфер зделките со Челси, пристигнувањето на Куртоа па затоа ги одложил 

Некои сметаат дека одложувањето е дел од стратегијата на претседателот да внесе неизвесност и нетрпеливост кај Интер.

Италијанскиот клуб се надева дека ќе успее во мисијата поради информацијата дека Модриќ и Перез имаат џентлменски договор ако Хрватот сака да си замине клубот да го пушти да го направи тоа за пристојна сума.