24фудбал

Реал Мадрид со нова објава на социјалните мрежи крена прашина за трансферот на Модриќ (ФОТО)

Во денешно време секој потег на клубовите и играчите на социјалните мрежи внимателно се следи и се вадат заклучоци, судејќи според последните активности на Реал Мадрид, Лука Модриќ заминува од Сантијаго Бернабеу

Шпанија

Хрватот сака ова лето да ја промени средината, веќе се има договорено со Интер и сега само треба да најде заеднички јазик со Реал Мадрид за начинот на кој ќе се разделат. Се говори дека Лука Модриќ има џентлменски договор со Флорентино Перез и се најавува дека нивната средба лице во лице ќе биде клучна, но двајцата се уште се немаат сретнато.

И додека сите чекаат вести за тоа каква ќе биде иднината на Лука Модриќ, Реал Мадрид со нова објава на социјалните мрежи крена прашина.

Пред неколку дена тие објавија фотографија од Лука Модриќ во новиот трет дрес и многумина сметаа дека ова е порака до Интер дека Хрватот нема да биде продаден. Но вечера „Кралевите“ на Фејсбурк и Твитер ги променија насловните слики и на нив го нема Лука Модриќ. На фотографијата се ѕвездите како Серхио Рамос, Карим Бензема, Герет Бејл, Марсело и Тони Крос.

Па оние кои сакаат да го видат Лука Модриќ во дресот на Интер сега веруваат дека ова е знак дека Хрватот сепак ќе заврши на Џузепе Меаца.