24фудбал

Сари нема да биде мирен до крајот на август, Челси може да загуби уште една ѕвезда

Преодниот рок во Англија заврши вчера, клубовите од оваа земја не може да регистрираат нови фудбалери, но можат да продаваат во земјите каде што се уште е отворен трансфер пазарот.

Англија

Челси стравува дека Еден Азар би можел да се пресели во Реал Мадрид до 31. август до кога трае преодниот рок во Шпанија.

Реал Мадрид кој веќе го купи Куртоа од Челси, се верува дека во наредните денови ќе притисне и за Еден Азар.

Куртоа беше запрашан што мисли за Азар, а тој одговори: „Тој е фантастичен играч. Сакам да играм повторно со него ќе видиме што ќе донесе иднината. Доколку еден ден дојде тука, тоа би било фантастично“.

Челси ќе се обиде да го задржи Азар, но не се исклучува можноста да прифатат понуда од Реал Мадрид ако таа изнасува над 100 милиони евра.

Тоа би било проблем за Сари бидејќи нема да може да купи било каква замена за Азар со оглед на тоа што преодниот рок во Англија е завршен.